MK / EN

ЗАКОНОДАВСТВО   ›   СТРАТЕГИЈА ЗА РОМИТЕ


  • Стратегија за Ромите во Република Македонија 2014-2020

    Стратегијата за Ромите во Република Македонија 2014 – 2020, е изработена како документ кој е дел од јавните политики на Република Македонија за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на сите етнички заедници кои во неа заеднички живеат во современите општествотени текови.

    При тоа, Република Македонија се води од желбата за подобрување на квалитетот на живот кај сите свои граѓани, но и од нејзините аспирации за евроатланска интеграција и вклучување во европските иницијативи за социјална вклученост.

    За да ги постигне овие вискои цели Република Македонија ги презеде обврските во врска потребата од усогласувањето на државните закони за кои постои потреба да бидат во согласност со законските регулативи и одреден број на политики на ЕУ.