MK / EN

ЗАКОНОДАВСТВО   ›   СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА


  • Закон за социјалната заштита

    Со овој закон се уредуваат системот и организацијата на социјалната заштита, корисниците на социјалната заштита, правата на парична помош и социјалните услуги, постапките за остварување на правата и користење на услугите, вршење на дејноста на социјалната заштита, кадрите, финансирањето и надзорот над вршењето на социјалната заштита и други прашања од значење за вршењето на дејноста на социјалната заштита.

    Социјалната заштита е дејност од јавен интерес која се остварува преку, мерки, активности, програми и политики за заштита од социјални ризици, превенција и надминување на социјалните проблеми кои неповолно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните, со цел:
    - промовирање и одржување на социјалната сигурност на граѓаните,
    - спречување на социјалната исклученост,
    - подобрување на квалитетот на животот на граѓаните,
    - зајакнување на капацитетите на граѓаните за водење независен, активен и продуктивен живот.