MK / EN

ЗАКОНОДАВСТВО   ›   БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ


  • Закон за бесплатна правна помош

    Со овој закон се уредуваат општите правила за обезбедување на бесплатната правна помош, видовите, опсегот на бесплатната правната помош, давателите и корисниците на бесплатна правна помош, нивните обврски и одговорности, постапката во која се остварува правото на бесплатна правна помош, финансирањето, наградата и надоместокот на трошоците за дадената бесплатна правна помош, бесплатна правна помош во прекугранични спорови, транспарентност и отчетност во давањето бесплатна правна помош, посебните постапки за правна помош, надзорот над примената на овој закон и други прашања кои се однесуваат на бесплатната правна помош.

    Целта на овој закон е да се овозможи и унапреди правото нa физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита. Правото на бесплатна правна помош се остварува во обем и постапка уредена со овој закон. Овој закон не се применува за правни работи за кои е предвидена бесплатна правна помош со посебни закони.