MK / EN

ЗА НАС


Здружението на правници Роми е независна непрофитна асоцијација формирана од група студенти и дипломирани студенти по право Роми.

Здружението е основано во август 2015 година, како одговор на потребата од адвокатите Роми да влезат во правната професија и да можат да го застапуваат интересот на ромската заедница, да влијаат на власта, да поттикнат јавни мислења, да иницираат политики и законодавна анализа и да се залагаат кон промени.

Тие имаат крајна цел да обезбедат целосно уживање на правата од страна на ромската заедница согласно Уставот и законите на Република Северна Македонија.


МИСИЈА


Здружението на правници Роми е посветено да го поттикнува и поддржува личниот и професионалниот развој на млади правници и адвокати, со цел да ги застапува правните интереси на ромската заедница во Република Македонија.


ВИЗИЈА


Во следните 10 години, Здружението на правници Роми – Скопје, ќе биде изградено како ресурсна институција за генерирање на капацитети на правните професионалци Роми и ромските адвокати кои ќе дадат висок квалитет на придонес во најдобар интерес на Ромската заедница во Република Македонија..